Серијали                                       PREZEMENO OD WWW.ARHEO.MACEDONIANBLOG.COM


Аквадуктот во Скопје

 

 

 

Како Аквадуктот се најде на грбот од општината Бутел

20-May-2007

Овој текст ќе биде уште едно надополнување во мојот серијал за Аквадуктот во Скопје. Фокусот на интересот го насочив кон симболот на една од скопските општини. Поточно, сакам да ви го свртам вниманието на еден од хералдичките симболи кои се наоѓаат  представени на грбот на општина Бутел.

Општина Бутел е новоформирана општина (произлезена од Општина Чаир) под територијата на град Скопје во неговиот краен северен дел. Градоначалник на општината е Петре Латиновски.  Како таква, според законите во РМ, таа би требало да добие свој грб и знаме. Не можам да спорам дали општините во Македонија вршат геноцид врз хералдиката бидејќи долго време кај нас не постоеше стручно тело за оваа област. Се надевам дека Македонското Хералдичко Здружение ќе ја пополни таа празнина.


Решенија без научна основа од Време


Во овој контекст само ќе наведам четива за консултација за грбот на општина Бутел, кои по хронолошки ред ги пронајдов преку пребарувачот Најди, а вклучуваат статии од весници и текстови од блогови:

- Одлука за распишување конкурс за утврдување на грб и знаме на Општина Бутел 22.12.2005
- Бутел доби грб и знаме - 2006-03-21
- Идејно решение за грб и знаме на Општина Бутел - 2006-03-21
- Општините вршат геноцид врз хералдиката 2006-04-13
- Општина Бутел донесе разгледница место грб 2006-04-14
- Грбот на Општина Бутел не е според законските норми 2006-04-18
- Една пренесена реакција 2006-04-26
- Хералдиката победува 2006-05-01

Објаснувањето за идејно решение за грб и знаме на Општина Бутел гласи:

За грбот е употребен штит со засечена форма на која има подлога традиција во македонската хералдика. Централен елемент е аквадуктот, кој е еден од главните споменици во Македонија од римскиот период, а се наоѓа во непосредна близина на касарната "Илинден". Од левата страна на грбот, поставени се лозови лисје кои го симболизираат лозарското минато на овој дел од Скопје, а зад аквадуктот е прикажан планинскиот масив на Скопска Црна Гора. Изгревот на сонцето ја симболизира појавата на новата Општина Бутел. На идејното решение на знамето се присутни црвената и жолтата боја, а во нивниот пресек стои грбот на Општината.

 

Линк до написот


Како и по обичај, толкувањето на хералдичките симболи е сложено. Постојат одредени правила и дефиниции како се создава еден грб, за кој се задолжени лица кои се наречени Хералди. Не навлегувам во причината зошто е представено знамето на РМ во сино златна комбинација, што е директно спротивно со законот кој забранува употреба на државно знаме.(Македонски Хералд бр.2, стр.4). Еднашка веќе пишував за Виртуелната Хералдика на нашите општини. Очигледно е дека на општина Бутел не и недостасува контроверзност, или можеби тоа е една од причините по која тие би сакале да останат запаметени. Но, да се вратам на Аквадуктот.

Логично е еден архитектонски објект од типот на Аквадуктот, да биде врежан во меморијата на сите кои го населувале тој простор (т.е. денешните Бутелчани) веројатно со стотици години. И уште по логична е неговата представа на грбот на општината.

Мене ми падна многу чудно што сите овие години, луѓето од општината Бутел иако постојано се трудат да го стават Аквадуктот на својот грб, сепак не најдоа начин да се згрижат за него. Како да се косат нивните дејствија во однос на тоа како општината лобира за овој монумент.

Не знам што би можело да биде главна пречка во промоцијата на Аквадуктот, сега кога е Пробиена трасата на Словенечка, улицата која води покрај него, бидејќи нејзината изградба беше подолга отколку нејзиниот историјат. Ако им се проблем стручни лица кои би напишале промотивен текст, можат да ги пронајдат во 400 невработени археолози во Македонија, вклучувајќи ги тука историчарите, архитектите и другите компетентни лица за културното наследство во Македонија. Не смеат да ја потценат ниту виртуелната страна чија моќ станува се поголема, со оглед на тоа што општина Бутел го изработува свој нов web site веќе 2 години.

Чинам дека е редно време општината Бутел да превземе конкретни дејствија во врска со Аквадукот, наместо да го користи само како симбол на својот грб, украс, убава сликичка зад која и те како стои историја.

Овој блог е еден од ретките (вклучувајќи го оној на Волан и уште неколку други) кој направи вистинска промоција на Аквадуктот во Скопје. И пак ќе напоменам:

Вистинскиот клуч за старите култури го носиме во себе. Треба да го дадеме како сведоштво, за да остави печат на времето.

 

Дали сакаме Аквадуктот да ни се поклони до земја при нашата следна посета, рушејќи се притоа како кула од карти?


Затоа:

    Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија да обрнат внимание на културното наследство кое ни го снемува пред очите. Воедно упатувам апел до сите блогери, секој на свој начин да се вклучи во акцијата за промоција на Римскиот Аквадукт во Скопје.


Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис
- Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
- Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
- АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...)
- Кој лапна 2 000 000 денари за неизградениот пат до Римскиот Аквадукт
- Срам да ми е!
- Јас ли сум глуп?


- Аквадуктот..како да го зачуваме..
- Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth
- АКВАДУКТ - Aqueduct ... како да го пронајдеш
- Како лобира општина Бутел за Аквадуктот
- Google map my Аквадукт
- Скопскиот аквадукт и војничката сага
- Како умираат камените споменици - што ќе се случи со Скопскиот Аквадукт ако навремено не се заштити

 

Објавено во Аквадуктот во Скопје (серијал) | постојан линк | испрати по е-маил
2 коментари | 0 trackbacks

Како умираат камените споменици - што ќе се случи со Скопскиот Аквадукт ако навремено не се заштити

15-May-2007

 

Ова е уште еден подкопан столб од другата страна на барата ... овој е подкопан од двете страни ... ерозијата оди од земјата нагоре по принципот дека - водата микроскопски се качува нагоре ... се сеќавате учевме на часовите по хемија во петто оделение ...

Линк до коментарот на Волан


A oва е еден дел од мојот текст со кој настапив на последниот Научен симпозиум на Археолозите на Македонија во Делчево. Текстот во оригинал можете да го прочитате на web site-от на Аксиос, во списанието Питандера. Темата за мојата дебата беа артефактите од камен, иако напишаното може сосема слободно да се примени и за сите камени споменици.

Камењата со поголема тврдина не се подложни на некои поголеми оштетувања, но кај оние со помала тврдина основен фактор за нивното распаѓање се: промена на температурата и влагата. Промена на температурата (нагло зголемување, па потоа намалување) може да делува разорно кај некои видови камен кои се порозни, немаат еднороден состав и кај коишто коефициентот на ширење на составните компоненти е различен.

Заеднички непријател на сите камени споменици, вклучувајќи ги и камените алатки е капиларната влага. Таа во зима смрзнува и аналогно на тоа се зголемува волуменот на мразот, кој прво создава микроскопски, а потоа и поголеми пукнатини во суровината, се додека не ја разгради.

Линк до списанието

 


На ова треба да ја додадеме и вегетацијата која симпатично го ,,гушнала" Аквадуктот и направила цел цветен оквир по неговата должина и дополнително го уништува. Како што може да се види од сликата, карактеристична појава на тој влажен малтер е еден посебен вид на зелено растение кое ја нагризува површината.

Ако некој си помисли макар и случајно, дека сум се откажала од Аквадукот и намерата за негова популаризација, е па богами се зезнал. Толку многу се изнапишувавме со Волан, што дури и бугарските блогери научија за нашиот Аквадукт. А за во иднина освен лобирањето, и неспособноста на конзерваторските центри за заштита на истиот... што знам...

Let God save the Аквадукт, ама буквално.


Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис
- Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
- Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
- АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...)
- Кој лапна 2 000 000 денари за неизградениот пат до Римскиот Аквадукт
- Срам да ми е!
- Јас ли сум глуп?


- Аквадуктот..како да го зачуваме..
- Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth
- АКВАДУКТ - Aqueduct ... како да го пронајдеш
- Како лобира општина Бутел за Аквадуктот
- Google map my Аквадукт
- Скопскиот аквадукт и војничката сага

 

Објавено во Аквадуктот во Скопје (серијал) | постојан линк | испрати по е-маил
0 коментари | 0 trackbacks

Google map my Аквадукт

10-May-2007


Бидејќи државата, градот Скопје и општина Бутел не лобираат (доволно) за Аквадуктот во Скопје, блогерите се погрижија со помош на алатките достапни на интернет да ги означат патиштата и објектите кои се во негова близина, а се индикативни за неговото пронаоѓање.

Голема благодарност до Волан кој го одржа своето ветување и направи мапа со чија помош може да се види каде точно се наоѓа Аквадуктот и од каде се можете да пристапите до него.

Интернет мапа - како да стигнете до Римскиот Аквадукт во Скопје

 


Кликни на интерактивната мапа


Мапата од Волан е надополнета од Глиша кој со помош на Gооgle my maps дава свој придонес во описот како да се стигне до овој фамозен објект.

Да не кажете после дека не сте знаеле каде е :)

Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис
- Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
- Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
- АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...)
- Кој лапна 2 000 000 денари за неизградениот пат до Римскиот Аквадукт
- Срам да ми е!
- Јас ли сум глуп?


- Аквадуктот..како да го зачуваме..
- Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth
- АКВАДУКТ - Aqueduct ... како да го пронајдеш
- Како лобира општина Бутел за Аквадуктот

 

Објавено во Аквадуктот во Скопје (серијал) | постојан линк | испрати по е-маил
1 коментари | 0 trackbacks

Како лобира општина Бутел за Аквадуктот

9-May-2007

Што би мислеле вие за една локалната самоуправа која дала наредба да се изработи сајт на општината Бутел кој нема кирилина подршка, не е ажуриран навремено, со многу лош дизајн и за себе напишала:

Општина Бутел е стара неколку илјади години.


Види богати. Ќе испадне дека општината Бутел е постара дури и од Аквадуктот во Скопје, кој за негова голема несреќа по територијална припадност се наоѓа токму во неа. Се надевам дека општина Бутел која изработува свој нов web site веќе 2 години (погледнете само кога последен пат е ажуриран), ќе му посвети достојно внимание на Римскиот Аквадукт. Ама нека е жив ,,кешот" на гугл (па макар тој бил и виртуелен) од кој можев да го извлечам следниот текст за овој објект кој стоеше на нивниот сега веќе преминули сајт :

Сепак, најгорделиво и најдостоинствено му оддолева на времето, монументалниот аквадукт во Визбегово. Независно од контроверзите во науката, дали е римски, византиски или пак турски (водовод) аквадукт, неспорен е фактот дека општината Бутел го има и час поскоро ќе се зафати со негова конзервација и реставрација. Со оплеменување на неговата околина и пристапните патишта, овој раритетен споменик на културата од прва категорија ќе блесне пред домашните и странските посетители. Ако можат мислењата на верзираните проучувачи за староста на аквадуктот да се протегаат во период подолг од милениум, тогаш со право велиме дека културната историја на Општина Бутел е стара неколку илјади години.


Она што и претстои на новата и најмладата општина во Скопје, Општината Бутел и на нејзините граѓани предводени од градоначалникот Петре Латиновски е да ја ревитализираат, пресоздадат и да и обезбедат континуитет на севкупната култура.

Линк до сајтот


Откако предходно во 1999 год.
загинаа два милиони денари (со броки 2 000 000 ден.) за изградба на пристапен пат до Аквадукот

, од пласирањето на оваа информација во јавност до денска, помина минимум уште 1 година. Аквадуктот се уште стои руиниран, а пристапен пат до него има, ама ако си го најдеш само со помош на кристална кугла. Во потрагата евентуално би ти помогнале Google maps и Google earth многу повеќе отколку таблите кои се уште ги (не)ма поставено општина Бутел.

Како да стигнете до Аквадуктот
- Од постот на Волан -


На сета мака се даваа уште и изјави во весник од типот:

Општинарите од Бутел преку мултимедијална презентација на скопскиот аквадукт (со мали букви прим. админ.), зазеленување на околниот простор и документарен филм што ќе се сними, планираат овој споменик на културата да го извадат од анонимноста и да им го понудат на скопјани и на туристите што ќе сакаат да го посетат. Проектот што се подготвува во општината за во иднина предвидува и негова обнова и конзервација.

Линк до веста


На веќе одржаниот концерт на Синтезис под Аквадуктот не ми текнува дека видов некој Бутелски општинар, а уште помалку припадници на партијата ДОМ, која во јавноста даде изјава дека започнува проект за ревитализација на овој објект.        

Овој монументален архитектонски објект покрај се друго е загрозен и од блиската бара (чија големина може да се види преку Google maps и Google earth), факт кој го потврдуваат и бројните фотографии направени во теков на последново столетие.

Дали сакаме Аквадуктот да ни се поклони до земја при нашата следна посета, рушејќи се притоа како кула од карти.? А?

 

Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис
- Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
- Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
- АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...)
- Кој лапна 2 000 000 денари за неизградениот пат до Римскиот Аквадукт
- Срам да ми е!
- Јас ли сум глуп?
- Аквадуктот..како да го зачуваме..
- Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth
- АКВАДУКТ - Aqueduct ... како да го пронајдеш

Објавено во Аквадуктот во Скопје (серијал) | постојан линк | испрати по е-маил
4 коментари | 0 trackbacks

Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth

8-May-2007

На сликата подолу со жолти стрелки се означени почетокот и крајот на сегашната зачувана структура на Аквадуктот во Скопје. Испрекинатите линии по неговата должина ги означуваат столбовите кои ги носат лаците. Во средината, потенцирана е барата кој ги нагризува и оштетува столбовите.

Но, на институциите кои се задолжени за неговата заштита и промоција во Република Македонија, очигледно дека им треба поголема диоптрија, бидејќи не можат да го видат Аквадуктот во Скопје, кој обичен човек може да го пронајде со помош на Google earth и Google maps.


Вистинскиот клуч за старите култури го носиме во себе. Треба да го дадеме како сведоштво, за да остави печат на времето.

Затоа:

Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија да обрнат внимание на културното наследство кое ни го снемува пред очите. Воедно упатувам апел до сите блогери, секој на свој начин да се вклучи во акцијата за промоција на Римскиот Аквадукт во Скопје.

Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис
- Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
- Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
- АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...)
- Кој лапна 2 000 000 денари за неизградениот пат до Римскиот Аквадукт
- Срам да ми е!
- Јас ли сум глуп?
- Аквадуктот..како да го зачуваме..

Објавено во Аквадуктот во Скопје (серијал) | постојан линк | испрати по е-маил
0 коментари | 0 trackbacks

Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт

7-May-2007

Причините зошто имаше само 200 посетители на концертот на Синтезис кои саботата попладне го одржаа под Скопскиот Аквадукт не треба да се бараат во незаинтересираност на луѓето, туку во нивната неинформираност. Медиумите со пола уста известија за овој extraordinary културен настан. Но, веројатно еден од поголемите пропусти за недостаток на информации околу Аквадуктот кој се наоѓа во Скопје е неговото официјално публикување и датирање.

Археолозите и ним сродните профили се погрижиле во текот на последните стотина години да ни направат симпатична збрка околу потеклото на Скопскиот Аквадукт. По стручните списанија се сретнуваат разно - разни ,,ангажирани" историски текстови нарачани од *** во 60-тите години од XX век. Така ќе прочитате дека тој датира од римскиот, византискиот или оригинално од турскиот период. Ништо подобро не стојат ниту податоците кои се вртат по интернет. Да биде уште поинтересно, не сум запознаена дека се било кога вршени макар и сондажни ископувања (а можеби и се), како оние кои ги најавува за летово директорот на скопскиот Центар за конзервација - Јани Антониев.

Мочуриштето не е некој голем проблем, бидејќи се создава само по дожд и се повлекува по два-три дена. Со вработените во касарната неколкупати правевме одводен канал за водата, но цевките секогаш се затнуваат со гранки и кал. Годинава ќе правиме сондажни истражувања на објектот и притоа ќе се обидеме да го средиме и мочуриштето - вели Антониев.

Линк до написот во Дневник


Не би се сложила комплетно со оваа изјава ако на лице место не видев дека се загрозени неколку столба кои се полни со вода и со голем процент на влажност, па огромна е можноста од нивно трајно оштетување и рушење.

Исто така и двата најрелеванти извора за македонската археологија:
Археолошката карта, ТОМ 2, во издание на МАНУ од 1996 год. и ЦД-ромот ,,Македонски Древности" издаден 1999 год. го имаат изоставено овој монументален објект. При тоа се сретнуваме со некакви си фактори со сомнително познавање за вредноста на светските споменици на културата и нивната туристичка валоризација кои одредуваат што, каде и како ќе биде публикувано во туристичките водичи со кои нели Македонија е ,,преплавена."

Чудно е што ниту еден од моите колеги досега не се решил да се надоградува во правец на менаџирање на културното наследство и негова агресивна промоција, бидејќи тоа е нешто кое навистина ни недостасува. Оти да беше така немаше 95% од популацијата да ни биде со елементарно непознавање за Спомениците на културата во Република Македонија. А верувале или не, голем број од овој процент се и мои колеги археолози.

Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис
- Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство

Објавено во Аквадуктот во Скопје (серијал) | постојан линк | испрати по е-маил
1 коментари | 0 trackbacks

Кој лапна 2 000 000 денари за неизградениот пат до Римскиот Аквадукт

7-May-2007

Во Електронскиот службен весник од:

Година: 1999  Број: 17
Датум на издавање: 05/20/99
Општина: Совет на Град Скопје
Тип:Програма

Наслов: Програма за користење средствата од употребата на градежно земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2000 година

Текст:Врз основа на член 18 точка 6 и член 61 точка 5 од Статутот на град Скопје и член 6 точка 6 од Законот за градот Скопје, (? Службен весник на Република Македонија? бр.49/96), Советот на град Скопје на четириесет и првата седница одржана на 28 декември 1999 година, а по прибавено мислење од Општините Центар, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба, Шуто Оризари и Ѓорче Петров донесе:

П Р О Г Р А М А :

3.13.
Изградба на пристапен пат до Римскиот аквадукт и уредување на неговата околина 2.000.000 ден

Линк до информацијата

Мислам дека е редно некои институции надлежни за ова да се позанимаваат, зошто следниот пат кога ќе појдам до Аквадуктот, сакам да знам дека 2 000 000 денари кои ги дале граѓаните на Република Македонија уште во 1999 година, отишле за изградба на пристапен пат до Римскиот Аквадукт.

За информацијата им благодарам на кругови блиски на Владата. ;)

 


Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис
- Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
- Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
- АКВАДУКТ - негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ ...)

Објавено во Аквадуктот во Скопје (серијал) | постојан линк | испрати по е-маил
2 коментари | 0 trackbacks

Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство

5-May-2007


Зошто имаше само 200 посетители на концертот

Да имаш бесплатен концерт на група за која во светот луѓето плаќаат скапи карти и тоа на локалитет кој е од витално значење за светската култура, во наши услови е рамно на подвиг. Но, и ти драг читателу да требаше до монументален објект како што е Скопскиот Римски Аквадукт да дојдеш со помош на гатање на гравчиња зачинето со крос кантри екскурзија низ беспаќата на населбата Бутел, ќе ти беше јасно зошто на денешниот концерт на Синтезис имаше само околу 200 посетители.

Со музичкиот перформанс кој траеше 1 час, „Синтезис“ го започнаа својот мини-проект кој е замислен како промоција на културно-историски споменици и локалитети во Македонија на кои тие ќе одржат  бесплатен концерт. Да се надеваме дека ќе ги заживеат заборавените споменици на културата кои имаат големо значење за нашата земја.

Аквадуктот ќе потоне во мочуриштето


Поткопуван од локалното население како извор за градежен материјал, Римскиот Аквадукт кој со децении тоне во заборав, уште малку ќе потоне и во мочуриштето кое се наоѓа до него и од кое се загрозени неколку столба. Полни со вода и со голем процент на влажност, огромна е можноста од нивно трајно оштетување и рушење. Покрај ова, на сета мака веројатно не е решен и проблемот со околното земјиште кое ,,наводно" општина Бутел сака да го уреди естетски, бидејќи не сум запознаена дали е почнат процесот на експропријација на нивата која се граничи со него.

Објектот, кој е направен од камен и тули, има импресивна големина. Долг е околу 400 метри, а имал 200 лака, од кои денес се зачувани 55. Три од нив (оние под кои Синтезис го одржаа нивниот концерт) се реставрирани по нивното оштетување од земјотресот во 1963 год. Според повелбите за заштита, реставрација и конзервација на архитектонските објекти значајни за светската култура, тие визуелно се разликуваат од оригиналната структура на Аквадуктот.


(Не)грижата за културното наследство представува лична карта за интимната хигената на една нација кон своите корени.


И порано имам споменато дека една од главните ставки за влез во ЕУ е грижата на една земја за своето културно наследство и успешно менаџирање на истото. На субјектите кои се задолжени за горенаведеново како да не им е јасно дека доколку самите не се справиме со него, ќе се соочиме со фактот дека еден ден ќе ни дојдат од страна големите ,,глаучи" и ќе не распоредат и нас и нашите обврски како пиони на шаховска табла. Па ќе играме така, како што тие ќе ги прават потезите на таблата.

Но во земја каде новинар станува некој кој завршил несоодветен факултет, а со менаџирање на културата се занимаваат политичките партии, а не субјекти кои се надлежни, одговорни, ем башка едуцирани за истото, веројатно тоа и ќе не снајде.

Затоа на проектот кој го започнаа Синтезис гледам како на процес кој треба да трае и да се надоградува. Римскиот Аквадукт како да добива една нова димензија со медиумската хаварија која се создаде околу него. Но веќе беше редно време за архитектонскиот објект од прв степен, да си го избори своето место на мапата на светските културни богатства.


Браво и за оние неколку блогери кои се најдоа во публиката. Им се наполни душата на тивкото сонце со музичката култура која треба да се отсонува во секој дом. Со една ,,Варгина" и уз едно добро кафе подоцна во Лептокарија. :)

Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не
-
СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис

 

Како и по обичај, Волан се покажа многу поажурен од сите фото-репортери кои беа таму, а ги немаше многу. Му благодарам што го сподели видео клипот со сите нас.

Клучни зборови: archaeology, Synthesis, roman, aqueduct, Skopje, Macedonia, Arheoblog, археологија, Синтезис, римски, Аквадукт, Скопје, Македонија, Археоблог.

Објавено во Аквадуктот во Скопје (серијал) | постојан линк | испрати по е-маил
2 коментари | 0 trackbacks

Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт - ќе биде или не

25-Apr-2007

Една интересна анкета на весникот Време со наслов - Скопјани не знаат каде е! - открива дека  поголемиот дел од граѓаните на Република Македонија кои доаѓаат или живеат во Скопје, не знаат дека постои, а пак оние што знаат, не знаат каде се наоѓа овој Споменик на културата.

Дали непристапноста е главна пречка за промоција на Аквадуктот, или во прашање е нешто поелементарно. Покрај тоа што Секторот за туризам на Република Македонија и неговиот оддел за локален економски развој се потрудил да не ја запознае јавноста со културното богатството кое го поседуваме, еден одличен пост на Волан, ни ја открива главната причина зашто граѓаните на оваа држава не можат да пристапат до фантастичниот Римски аквадукт во Скопје.

СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба, е напис за истоимената улица која поминува покрај Аквадуктот и е проектирана уште од Кензо Танге пред повеќе од 40 години ... Изградбата на оваа улицата која е долга само 2 километра трае повеќе од 5 години и тоа од кога е решено дека му е неопходна на Скопје ... Во меѓувреме Аквадуктот тоне под велот на заборавот, оставен на забот на времето.

Сакам да знам зошто Аквадуктот не е означен на мапи, не е лоциран со табли и патокази, не е изработен флаер, книжуле или web site за презентација на истиот. Сакам да знам, не како археолог, туку како граѓанин на оваа држава зошто не можам да пристапам до Римскиот Аквадукт во Скопје.

И на крај краева сакам да знам која е таа комисија што кога во 1986 година се подготвувал туристичкиот водич за Скопје, не сакала во него да се опише аквадуктот? Затоа што тоа би било дезинформација оти туристите никогаш не ќе можат да го посетат поради непристапноста.

од Време


Кои се бре тие да решаваат што е ин а што аут во културното наследство кое му припаѓа на целиот свет? Абе како не и е срам на оваа држава и на институциите (владини или невладини) да не се заинтересираат за ревитализација на скопскиот Аквадукт. Јас со мојот блог имам направено десет пати поголема презентација за културното богатство на Македонија, отколку сите нивни флаери кои ги прават во тираж од 500 примероци и си ги перат парите со овакви проекти.
Додека на чело во оваа држава не дојдат луѓето кои се повеќе заинтересирани за културното наследство на Македонија, а не за својот џеб, за жал ништо нема да се промени на полето на оваа проблематика. Не знам ни дали ќе помогне акцијата на ДОМ зошто искуството ме натерало да се сомневам во вистинитоста на вакавите проекти.


А аквадуктот кој пак е приказна сама за себе ќе попричекаме да ни ги раскаже своите тајни.

Објавено во Аквадуктот во Скопје (серијал) | постојан линк | испрати по е-маил
0 коментари | 0 trackbacks